fbpx

Google Drive & Google Sheets Курс

Курс за Google Drive & Google Sheets

Google Drive е “cloud“ систем за зачувување на податоци кој станува очигледен избор насекаде во светот. Google Spreadsheets, пак, е една од алатките на пакетот Google Drive, специјална за правење табеларни пресметки. Повеќе луѓе можат да работат истовремено, можете да ги видите промените на луѓето како што ги прават, и секоја промена автоматски се зачувува.

Google Drive

Google Drive е безбеден и сигурен начин за складирање на Вашите датотеки во “cloud“ систем, како и синхронизација на нив со Вашата работна површина и лесно да ги споделите со некој што сакате. Треба само да зачувате датотека во Drive на еден уред и автоматски ќе биде достапна на сите Ваши други уреди. Тоа е одлична алатка за лична употреба, како и во бизнис средина и работа во тим.

Google Sheets

Оваа онлајн алатка има едноставен изглед, а неверојатна функционалност. Се’ што Ви треба да работите во Google Sheets е интернет поврзаност, gmail и пребарувач. Исто како во Microsoft Excel, можете да користите формули за најразлични пресметки. Достапни се повеќе опции за уредување на изгледот на Вашиот документ за табеларни пресмети, како на пример стил и големина на фонт, боја, додавање граници, итн.

За зачувување на Вашата работа, можете да го зачувате или на Вашата Google сметка или директно на Вашиот компјутер (доколку го сакате на располагање за офлајн работа). За да го пристапите зачуваниот документ на Вашата Google сметка од друг уред, се’ што треба да направите е да се најавите на Google Drive со Вашата Google сметка.

Најголемите предности што Google Sheets Ви ги овозможува се користење без платена лиценца (за разлика од Microsoft Excel), истовремена работа од повеќе лица, достапност од секакви уреди и историја на секоја една промена направена на документите.

Што може да научите на овој курс?

На курсот од SourceMX Academy, ќе имате можност да научите како да го користите Google Drive и Google Sheets за зачувување на податоци, извршување на најразлични табеларни пресметки, тимска работа со повеќе колеги во исто време, споделување на податоци со еден клик и многу друго. Овие алатки не се наменети само за големи организации и компании, туку и за секој поединец кој сака сите датотеки да му бидат достапни од било кој уред.

Ако никогаш порано не сте ги користеле апликациите на Google, тогаш овој курс е за Вас, а ако сте веќе запознаени, овој курс е совршена можност да ги надоградите Вашите знаења.

Запознај го инструкторот: Глигор Ризов

Глигор Ризов, основач на SourceMX Academy и долго-годишен корисник на Google Drive и сите Google алатки, ќе биде Вашиот инструктор на овој курс. Во неговото повеќе-годишно дејствување како дигитален маркетер и чет-бот изработувач, Google Drive беше една од малкуте алатки без кои тој не може да ја замисли својата работа. Без разлика дали за лична или бизнис употреба, тој смета дека полека но сигурно овие алатки стануваат неопходни.


Google Drive & Google Sheets курсот трае 4 дена, 12-ти, 14-ти, 19-ти и 21-ви Февруари. Пријавете се на 078 699 499 или пополнете ја формата со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира.

Часовите започнуваат во 17.00 и завршуваат во 19.00 часот.

Важно: За потребите на курсот потребно е да понесете лаптоп.

Цената на курсот е 2 500 денари.

Искуства од нашите претходни учесници

Курсот моментално не е активен пополнете ја кратката форма со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира веднаш штом организираме нов курс