fbpx

Illustrator за почетници – Kурс за дизајнирање

Што е Adobe Illustrator и што можам да научам?

Доколку некогаш сте размислувале за почнување кариера како графички дизајнер, Adobe Illustrator е одличен почеток. Овој софтвер на Adobe е една од најпопуларните алатки и потребата од умешност во Illustrator во овој дигитален свет забележува континуиран раст. Можностите со Adobe Illustrator се неограничени: од идеа до комплетно дигитално решение. Научи како да ги претвориш твоите креативни идеи во илустрации, банери, содржина за социјалните медиуми и други графички решенија. Претходно искуство со овој софтвер не е задолжително, бидејќи овој курс е наменет за почетници.


Запознај го инструкторот: Сашко Николовски

Професионалниот илустратoр и графички дизајнер, Сашко Николовски, ќе ги сподели со тебе сите тајни и трикови за овој софтвер за да можеш да започнеш да работиш индивидуално. Без разлика дали сакаш да дизајнираш за принт или веб, овој курс темелно ќе те подготви за успешен почеток како графички дизајнер.


На курсот Adobe Illustrator за почетници, ќе ги опфатиме сите алатки кои треба да ги знаеш и ќе ти покажеме како се употребуваат бои, типографија, форми, градиенти, итн. Со додавање на графички елементи, твојата реклама на Facebook или Instagram секогаш ќе биде забележана, а твојот блог ќе изгледа попрофесионално од било кога. Штом ќе го совладаш Adobe Illustrator, ќе можеш да изработуваш најразлични графички решенија, без разлика дали за тебе, за твојата компанија или за клиенти. На курсот, ќе одиме чекор по чекор за да се осигуриме дека секој од вас го следи часот внимателно. Ќе изработуваме едноставни задачи и практично ќе ја објасниме секоја од алатките.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Секој учесник носи свој лаптоп за предавањата.
  • Не е потребно никакво познавање од Illustrator.
  • Не е потребно да имате инсталирано Illustrator (ние ќе се погрижиме за тоа).
  • Добиваш сертификат за успешно завршување на курсот.

Курсот за Illustrator трае 4 дена, 3-ти, 5-ти, 10-ти и 12-ти Септември. Часевите започнуваат во 17.00 и завршуваат во 19.30 часот. Пријавете се на 078 699 499 или пополнете ја формата со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира.

Цената на курсот е 2600 денари.

Програма

  1. Што е Adobe Illustrator?
  2. Што е вектор а што растер?
  3. Кој го користи Adobe Illustrator?
  • Интерфејс
  1. User Interface
  2. Стартување од самоит почеток на апликацијата
  3. Запознавање со Control Panel Manu
  4. Запознавање со Panel System Manu
  5. Креирање на работна површина или New Document
  6. Save File
  • Селекции
  1. Navigation
  2. Selection Tool
  3. Zoom Tool
  4. Hand Tool
  • Pen Tool
  1. Path
  2. Curve
  3. Open Path
  4. Losed Path
  5. Anchor Points
  6. Add Anchor and Delete Anchor
  • Креирање објекти
  • Копирање
  1. Copy / Cut / Paste / Cloning
  • Креирање објекти
  • Креирање објекти
  1. Rectangle Tool
  2. Rounded Rectangle Tool
  3. Rounded Rectangle Tool
  4. Polygon Tool
  5. Star Tool
  6. Blob Brush Tool
  7. Paintbrush Tool
  • Подредување на објекти
  • Аранжирање на објекти
  • Eraser / Scissor / Knife
  • Векторска Илустрација
  1. Што е илустрација?
  • Креирање на минималистичка илустрација
  • Текст
  1. Type Tool
  2. Type Tool Box
  3. Paragraph
  4. Type on Path
  5. Vertical Type Tool
  6. ToolBar>Type Tool
  • Ефекти
  • Градиенти
  • Маскирање
  1. Clipping Masks and Layer Clipping
  2. Compound Path and Clipping Mask
  3. Paragraph
  4. Opacity Masks
  5. CurveType
  • Изработка на лого и визитка
  • Изработка на комплетен дизајн

Пополнете ја кратката форма со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира.

Искуства од нашите претходни учесници