fbpx

Курс за Facebook & Instagram Marketing

Што е Facebook Marketing и што можам да научам?

Facebook е најголемата социјална мрежа во светот со над 2.3 милијарди дневно активни корисници. Во Македонија бројката на активни дневни корисници е околу 1.2 милиони, правејќи ја најголемата и најмноќната социјална мрежа во државата.

Instagram иако понова социјална мрежа, сепак растот што го има е многу голем и со моменталните 1 милијарда дневно активни корисници, станува се помоќна платформа како за корисниците така и за бизнисите.

Потенцијалот што го имаат овие две социјални мрежи за вашиот бизнис е огромен, независно дали продавате на другите бизниси (B2B) или директно на потрошувачи (B2C). Заради големиот број на бизниси кои се присутни на Facebook & Instagram, потребата да креирате интересни објави и да поставувате квалитетни реклами е се поголема.

На овој курс ќе учиме како се креира Facebook страна и Instagram профил, како може да се поврзат истите, како да се оптмизираат профилите за полесно луѓето да ги најдат доколку пребаруваат. Исто така ќе ги учиме сите типови на реклами и кои реклами се најефикасни, како и корисни алатки за вашите реклами.

Курсот за Facebook & Instagram Marketing трае 3 дена, 19-ти, 21-ри и 23-ти Август. Пријавете се на 078 699 499 или пополнете ја формата со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира.

Запознај го инструкторот: Глигор Ризов

Глигор Ризов, основач на SourceMX Academy и повеќе-годишен маркетер, работејќи интензивно со Facebook и Instagram реклами, ќе биде Вашиот инструктор на овој курс. Во неговото повеќе-годишно дејствување како дигитален маркетер и чет-бот изработувач, Facebook & Instagram реклами се клучни за развивањето на маркетинг стратегии како за својата компанија така и за други клиенти. Знаејќи ја важноста на овој тип на реклами, ќе ги пренесе најдобрите техники и тактики за како да организирате успешни кампањи за вашиот бизнис.


Часевите започнуваат во 17.00 и завршуваат во 19.30 часот.

ВАЖНО: Секој учесник носи свој лаптоп за предавањата.

Цената на курсот е 2 700 денари.

Искуства од нашите претходни учесници

Пополнете ја кратката форма со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира